МВР: Полицијата вчера казни 240 пешаци за прекршоци
Во текот на вчерашниот ден (12.02.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 240 пешаци. Притоа 196 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 31 за минување на црвено светло...Од нив 85 на територија на СВР Скопје, 65 на територија на СВР Тетово, 29 на територија на СВР Битола,...
За време на контролата регистрирани се и 127 останати прекршоци.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството