-->
-->
МВР: Отказ за тројца полицајци
-->

Тројца припадници на полицијата добиле отказ, а уште девет се казнети по спроведени дисциплински постапки заради сторени повреди во работењето.
Како што соопшти МВР, двајца од отпуштените сториле кривично дело, а еден добил отказ бидејќи три дена не се појавил на работното место.
На седум вработени изречена им е мерка „парична казна”, а на по еден вработен мерка „писмено предупредување“, односно „распоредување“. бк/вг/14:09
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
