МВР: Од Венецуела нема барање за проверки од наша страна, македонските ИП-адреси не значат дека нападите се од тука
Министерството за внатрешни работи информира дека неговиот Сектор за компјутерски криминал ги следи случувањата во врска со обвинувањето од Веецуела за наводни хакерски напади од корисници на македонски ИП-адреси за време на нивните избори. Соопшти и дека од таа јужноамериканска држава досега не се пристигнати барања или информации за проверки што треба да ги направи нашето МВР.
-Во врска со објавите за наводни изјави од страна на властите во Венецуела дека за време на изборите кои биле одржани на 28 јули 2024 се случиле наводни хакерски, Ddos напади од корисници на македонски IP адреси, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал ги следи случувањата во однос на наводните обвинувања кон македонски државјани и, исто така, наведуваме дека до сега не се пристигнати никакви барања или информации во однос на горенаведеното од страна на властите во Венецуела за понатамошни проверки од наша страна, соопшти попладнево МВР.
Министерството укажува и дека „дури и појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад, не значи дека тие изворно потекнуваат од Македонија“.
-По досегашното искуство може да информираме дека постои голема веројатност истите да користат ВПН (Виртуални приватни мрежи) или, пак, да се дел од поголема BotNet мрежа, односно да потекнуваат од таканаречени инфицирани зомби компјутери, кои се компромитирани од страна на хакери преку компјутерски вируси или малициозен софтвер и истите можат да извршат зададени задачи далечински управувани од поединци или група на потенцијални хакери, наведува Министерството за внатрешни работи.
Во известувањето МВР посочува дека најчесто жртви на ваквите зомби компјутери се лица кои не знаат дека нивните компјутерски системи се инфицирани со малициозен софтвер.
-И без нивно знаење и согласност се вршат Ddos напади кои претставуваат злонамерен обид да се наруши нормалниот интернет сообраќај на зададениот сервер, сервис или мрежа за пристап до одредена цел во еден ист момент со цел нејзино блокирање, преоптоварување, додава МВР во соопштението.
Ново на Сител
-

Јаневска за затворањето училишта: Ова се болни реформи, но во моментов сме во критична ситуација
-

Четвртоодделенците во Аеродром и годинава добиваат таблети, првите 30 им ги врачија министерката и градоначалникот
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето не подлежи на кривична одговорност - 30 дена притвор за неговиот брат
-

Со симболично патување означен почетокот на Градскиот воз кон Зелениково
-

Миодраг Божовиќ – Гроф нов тренер на Вардар
-

Албанија го губи првото место во Европа по зголемување на туристичките ноќевања
-

Њујорк забрани користење на вештачката интелигенција во јавните основни училишта
-

Најбројна македонска репрезентација досега на Светското кикбокс првенство во Италија
