-->
-->
МВР: Нема обид за киднапирање, момче поканило ученичка да влезе во неговотo возило за да одат на кафе
-->
МВР го демантира случајот за обидот за киднапирање пред основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци. Како што информираат од СВР Штип, момче поканил во своето возило да влезе ученичка за да одат на кафе.
„Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката“, информираат од МВР.
Се работи на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската влада знае што треба да направи за проширувањето