-->
-->
МВР: Нема да се толерира ниту еден инцидент во тек на изборниот процес
-->
Министерството за внатрешни работи нема да толерира ниту еден инцидент во текот на изборниот процес и најостро ги осудува сите облици на насилство, изјави денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски кој информираше за вчерашниот инцидент во Шуто Оризари за кој досега се идентификувани и приведени на разговор девет лица кои учествувале во тепачката.
Ангеловски истакна дека секаков обид за нарушување на демократскиот изборен процес и загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран.
Како што појаснуваат од МВР, за вчерашниот инцидент што се случи на ул. „Гвадалахара“ во населба Шуто Оризари во тек е прибирање докази за понатамошно постапување и се очекува да се зголеми бројот на учесници во тепачката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар