МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на лични податоци
ОВР Кавадарци поднесе кривичнa пријавa против М.С.(38), П.С.(62), К.М.(41), Р.Л.(43) и Г.Б.(37), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“ и против Р.Ѓ.(51), Т.С.(50), С.С.(51), Л.С.(44), Д.А.(45) и Е.М.(48), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и поттикнување во извршување на кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Како што информираат попладнево од МВР, шесто, седмо, осмо, деветто, десетто и единаесетто пријавените, доставувачи и превозници на огреви дрва, во периодот од февруари до октомври 2022 година, набавиле лични податоци од 19 лица од Кавадарци, едно лице од oпштина Ранковце и едно лице од Скопје со лажно ветување дека ќе им донесат огревни дрва од ЈП „Национални шуми“ - подружница Шумско стопанство „Бор“ Кавадарци. Потоа ги поттикнале првите пет пријавени, вработени како самостојни референти во Шумско стопанство „Бор“ да ја злоупотребат службената положба и овластување и да ги злоупотребат личните податоци на овие лица за издавање на „Дозволи за сеча во државни шуми од страна на физички лица за сопствени потреби“, кои согласно член 66 од Законот за шуми се издаваат на лица со место на живеење во рурални подрачја и по поднесено лично барање.
-Со ваквото дејствие пријавените предизвикале штета на ЈП „Национални шуми“ - подружница Шумско стопанство „Бор“ Кавадарци со 157 кубни метри исечено огревно дрво или 256.291 денари, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година