МВР ќе ги подобрува форензичките истраги
Полицијата мора динамично и интензивно да се развива и унапредува од чиј квалитет директно зависат резултатите од севкупните истражни процеси порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето на конференцијата „Понатамошно јакнење на капацитетите за истраги на место на настан“.
- Целта е квалитативно подобрување на форензичките истраги. Исто така, морам да потенцирам дека за нашите служби од оваа сфера од огромно значење е фактот што преку проектот ќе се подготват нови стандардни оперативни процедури во согласност со препораките на Европската мрежа на форензички институти и најдобрите ЕУ практики, рече министерот Спасовски.
Овој проект што до ноември идната година ќе биде имплементиран во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при Бирото за јавна безбедност на МВР, е вреден над еден милион денари и ќе се спроведува заедно со литванската и летонската полиција. Меѓудругото, да воспостави надградена организационо-системска структура за вршење на увид на лице место. Но, истовремено и да воведе нови методи и стандарди за прибавување и транспортирање на докази од местото на увид.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Жалам за одлуката на Таравари
-
Прв состанок на националниот консултативен механизам за Реформската агенда
-
Струмица со план против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата
-
Тема на денот со Весна Мојсова-Чепишевска
-
Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата