МВР: Казнети 50 автобуси што вршат превоз на ученици, девет од нив упатени на вонреден технички преглед
Во текот на вчерашниот ден (17.05.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од
Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици и контрола на лица во казина и обложувалници.
При контролата констатирани се 50 сообраќајни прекршоци. На вонреден технички преглед биле упатени девет возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.
Ново на Сител
-

ЦУК: Намалено нивото на реката Вардар, во моментов нема опасност од излевање
-

Одлета конструкција од кров на училиште поради силен ветер во Гевгелија
-

Јордан Митев ги крена Македонците во Торонто на нозе, спектакуларен концерт на нашата музичка ѕвезда | ВИДЕО
-

Џеј Ди Венс: САД имаат многу инструменти за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје
-

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност
-

На Попова Шапка 97 сантиметри снег
-

Собранието треба да ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Јавна расправа за работната верзија на Предлог законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите
