-->
-->
МВР: Казнети 149 возачи за брзо возење
-->
Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената полицијата санкционира 149 возачи.
Од нив, како што соопшти МВР, пет возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 70 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
-

Земјоделците ја поздравуваат мерката за поевтини ѓубрива, но бараат и засилен надзор од инспекциските служби
-

Преглед на вестите од светот
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
