МВР интензивно работи на расчистување на случајот со навивачката група што ширеше етничка омраза
Министерството за внатрешни работи во соработка со Обвинителството интензивно работи за расчистување на случаите со навивачките групи кои употребуваат навредлива реторика кон Албанците, а со тоа предизвикуваат етничка нетрпеливост.
Имено, вчера на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како група навивачи на улиците во населбата Ѓорче Петров скандираат „мртов шиптар, добар шиптар“. Сличен инцидент се случи и минатата недела.
– Станува збор за два случаи за што ќе бидат поднесени кривични пријави. Се утврдуваат идентитетите на учесниците, се повикуваат на разговор, се извршуваат разговори со нив. Конкретно за вчерашниот случај утврден е идентитетот на 16 лица и се преземаат сите дополнителни активности со цел да се расчисти случајот, изјави денеска Сузана Праниќ Талевска од Секторот за односи со јавност при МВР.
Таа нагласи дека МВР ќе има нулта толеранција за таквите случаи, така што интензивно ќе се работи се додека не се санкционираат.
Ново на Сител
-
Донесен законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите
-
Шест полицајци повредени во Нови Пазар во судир меѓу граѓани и полиција пред зградата на Државниот универзитет
-
ОН: Во Газа влегува само половина од потребната помош, стотици илјади луѓе гладуваат
-
УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
-
Со запален факел од хартија и текстил запалил греди на натстрешница - Истрага за пожар во Струмица
-
Ангелов: Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за пожарникари
-
До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја
-
Поради расправија за паркинг место, 41-годишник физички се пресметал со 83-годишен дедо