МВР и Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција се приклучија кон кампањата на UNODC

МВР и Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, по повод Светскиот ден за борба против троговијата со луѓе – 30 Јули, се приклучија кон кампањата на UNODC под мотото „Use and Abuse of Technology”.
Како што се наведува во соопштението од МВР, трговијата со луѓе се обидува да го освои сајбер просторот, затоа е потребна заедничка акција, со цел да пренесеме порака дека технологијата лесно може да ја овозможи, но и да ја спречи трговијата со луѓе. Технологијата често се злоупотребува за да се олесни трговијата со луѓе, да се контролираат жртвите, да се рекламираат услугите и да се сокријат приходите од криминал. Онлајн ресурсите можат да станат стапица, особено кога станува збор за лажни аранжмани за патување, лажни понуди за работа насочени кон ранливите групи… Додека нејзината позитивна употреба може да им помогне на борците против трговија со луѓе, на практичарите, да ги откријат, спасат и поддржат жртвите и да се борат против трговијата со луѓе.
Дополнителни совети како да се заштитите себеси и вашите најблиски од трговија со луѓе на следниот линк: World Day Against Trafficking in Persons – Internet Safety Tips (unodc.org).
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на техничката влада на пленарна седница, СДСМ се закани со напуштање на работни групи
-

Повторно се одложи судењето за прегазениот Јорго Ќука, обвинетиот сменил адвокат
-

Николовски: Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорот 8 ќе чини 5 милијарди евра
-

Кариерен ден што ги отвора вратите за младите
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
