МВР: Ги демантираме дезинформациите на градоначалникот на Општина Прилеп

Секторот за внатрешни работи Битола - ОВР Прилеп категорично и целосно ги демантира дезинформациите во изјавата дадена од страна на градоначалникот на Општина Прилеп на денешната прес-конференција, во која комплетно и без никаква основа ја карактеризира како лоша безбедносната состојба во градот.
Како прво, хронолошки гледано во текот на последната недела, полициските службеници при ОВР Прилеп ги презедоа сите потребни мерки и активности за откривање и разрешување на пријавените кривично- правни настани, при што истите се експресно и во целост разрешени.
Во врска со кривично-правниот настан пријавен од вчера (29.06.2022) во врска со пожар на патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.А.(49) од Прилеп, и за кој уште во текот на вчерашниот ден ја информиравме јавноста, во 03.30 извршен е увид и преглед на лице место, подигнати се брисеви за хемиска анализа, обезбеден видео запис, повикани лица на разговор, извршени се проверки во пошироката околина, објавени разговори со пријавителот и оштетеното лице, извршено е фотодокументирање и други мерки во интерес на истрагата. Во врска со целокупниот настан известен е Јавен Обвинител и се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот.
Како второ, во врска со настанот од 27.06.2022 на ул.„Републиканска", а во врска со извршена „тешка кражба на дрзок начин", по член 236 став 3, лишен е од слобода Д.Р.(21) од Прилеп и по итна постапка до ОЈО Прилеп поднесена е кривична пријава и изречена е мерка за претпазливост. Паричните средства се вратени во целост на оштетената. Што значи дека овој случај е целосно расчистен во најбрз можен рок.
Уште еден кривично-правен настан кој датира од 25.06.2022 пред Градскиот пазар, каде комуналните редари од ЕЛС Прилеп беа спречени во вршење на службените дејствија, е сосема расчистен. Лицето беше совладано и лишено од слобода и пред ОЈО Прилеп поднесена кривични пријави по итна постапка, а на сторителот му е изречена мерка притвор во траење во 8 денови во Казнено-поправна установа Затвор Битола.
Расчистен е и настанот пријавен на 27.06.2022, кој градоначалникот го споменува на прес конференцијата, во врска со физичкиот напад на ул.„Републиканска" во Прилеп, на две лица од страна други две лица, односно сторителите се пронајдени, со нив се извршени службени разговори во полициска станица и поднесени се соодветни пријави.
Ова се фактите, а сѐ друго се инсинуации и тенденциозно пласирање на лажни вести, кои имаат за цел не само да ја дезинформираат јавноста и да предизвикаат паника кај граѓаните на Општина Прилеп, туку и да наштетат на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите. СВР Битола-ОВР Прилеп продолжува со интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите и со засилено темпо ќе работи на заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
