МВР доби 45 „шкоди“ од Чешка
Во Министерството за внатрешни работи денеска беше предадена чешката донација од 45 возила марка „Шкода“, вредна околу милион евра.
Возилата ќе ги користат граничната полиција и полициските станици во граничните подрачја.
Донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски официјално му ја предаде амбасадорот Мирослав Томан.
- Република Чешка особено во време на мигрантската криза даде извонреден придонес за зајакнување на капацитетите на македонската полиција. Нивната финансиска и материјално-техничка помош веќе надминува два милиона евра. Со оваа донација набавени се возила кои ќе служат и за граничната полиција, но и за полициските станици кои се во граничните подрачја со цел да се зголемиме ефикасноста на полицијата, а со тоа и безбедноста на граѓаните, рече Спасовски.
Амбасадорот Томан истакна дека Република Чешка со задоволство и помага на македонската полиција и тоа ќе го прави во иднина.
- Со министерот Спасовски разговараме како понатаму Република Чешка да му помогне на МВР. Република Чешка не помага само финансиски, туку на јужната граница е веќе 14. контингент чешки полицајци кои помагаат јужната граница да биде што побезбедна. Соработката меѓу македонските и чешките полицајци е одлична и во следната 2018 година ќе продолжиме со истиот број полициски службеници, истакна Томан.
Од 2016 година досега во обезбедувањето на јужната граница учествуваа 534 чешки полициски службеници, а реализацијата на проектот е предвидена и за наредната 2018 година.
Ново на Сител
-
Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци
-
На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија
-
Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја во Општина Желино
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути