МВР апелира да не се отвораат сомнителни линкови и пораки и да не се споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг - напади што се изведуваат преку лажни СМС - пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.
- Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори - како банки, државни институции, реномирани компании, но, имаат за цел да ги измамат корисниците и да ги обезбедат нивните лични или финансиски податоци. Најчести се лажните СМС-пораки за пристигнати пратки од пошта, а главната цел е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница преку која со оставање на неговите лични податоци, може да се предизвикаат дополнителни злоупотреби на истите, појаснуваат од МВР.
За ваков вид измами, изминатава година до Секторот за компјутерски криминал пристигнале над 50 пријави.
- Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвараат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот - официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка, потенцираат од МВР.
Истакнуваат дека Секторот за компјутерски криминал при МВР продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.
МИА
Ново на Сител
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
-

ЕУ и Советот на Европа договорија создавање тим за формирање на Специјален суд за агресијата врз Украина
-

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини
