-->
-->
МВР: 133 сообраќајни прекршоци во Скопје, 75 санкции за брзо возење
-->

Министерството за внатрешни работи и вчера продолжи со засилените акциски контроли во сообраќајот. На територијата на град Скопје, како што информира, се изречени 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, девет за возење без возачка дозвола, 16 за управување под дејство на алкохол, две за некористење сигурносен појас, една за минување на црвено светло, осум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 11 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Климатските промени негативно влијаат врз земјоделските култури
-

159 деца повредени во сообраќајки, невниманието најчеста причина
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Делиме иста визија за полоноправно членство во ЕУ
-

Нов судир за младите и ЕУ
-

Пропуст кај дури 39 полицајци утврди МВР за пријавите за насилство против Стојанче Јовановски
-

Дејан Јованов-Деко, давал отпор и не соработувал со полицијата кога ќе затекнела малолетници во дискотеката
