Музејот Прадо полни 200 години
Мадридскиот музеј Прадо денеска наполни 200 години, а за тоа време стана музеј со една од највредните уметнички колекции во светот.
Музејот е создаден од Кралскиот музеј на слики и скулптури, во кој се наоѓале најдобрите и најзначајните дела, а првото дело му припаѓало на Тицијан Вечели. Со оглед на тоа што просторот што го изградил кралот Карло Трети станл премногу мал, се појавила потреба од нов, поголем простор.
Националниот музеј денес е сместен во неокласична зграда која е уметничко дело само по себе, и го носи името по плоштадот на кој се наоѓа – Прадо де Сан Херонимо.
Сите 311 дела од Кралскиот музеј можат да се видат во музејот Прадо во Мадрид, како и илјадници други ремек-дела.
Прадо е еден од најпосетуваните музеи во светот, а според некои експерти, во него се наоѓа најголемото уметничко богатство во светот.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг