Музалас ги обвини локалните власти на Хиос и Нова демократија за проблемите со бегалците на островите
Грчкиот министер за миграција Јанис Музалас ги обвини локалните власти на Хиос и опозициската Нова демократија за зголемените тензии што произлегуваат од кризата со бегалците и мигрантите на островот Хиос и други острови во источниот дел на Егејското Море.
Како што јави допсиникот на МИА од Атина, во интервју за телевизијата „Скај“, Музалас изјави дека локалните власти на Хиос се откажале од проектот за изградба на нов камп во локалната депонија, иако средствата за предложениот план, 3,5 милиони евра, се обезбедени.
Министерот изјави дека тензиите на островот ги користат екстремни десничари и за уште повеќе да го влошат расположението на локалните жители, што резултира со повици од страна на локалното население за отстранување на бегалците и мигрантите од островот.
Музалас исто така, тврди дека Нова демократија поттикнала акција со која се спречува создавање на затворени центри за притвор на различни острови, за бегалците и мигрантите кои манифестирале деликвентно однесување.
Градоначалникот на Хиос Манолис Вурнус ги отфрли тврдењата на министерот, тврдејќи дека локалната заедница го променила својот став во врска со новиот бегалски камп поради недостаток на доверба во Владата.
Во меѓувреме, пратеникот на Нова демократија и поранешен министер за правда Хараламбос Атанасиу, исто така ги отфрли наводите на Музалас дека опозициската партија спречила изградба на затворени центри за притвор на одредени острови, тврдејќи дека договорот, потпишан помеѓу Европската унија и Турција не предвидува бегалците и мигрантите да останат на островите.
Ново на Сител
-
Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената
-
Возач на четирицикл од Куманово тешко повреден во Кавадаречко
-
Две лица на кошаркарски натпревар во Куманово нападнале играч и пробале да му го соблечат дресот
-
Двајца кумановци, управители на угостителски објект, пуштале гласна музика во денови на жалост за трагедијата во Кочани
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола