Мустафа: Ќе го разгледаме форматот на разговори со Србија
Косовскиот премир Иса Мустафа најави разгледување на форматот на разговори со Србија и оти причина за тоа е ставот на Белград кон Приштина.
- Ќе го разгледаме уште еднаш форматот. За мене позначајно е да има поширока застапеност на сите одговорни институции на Република Косово и од Претседателот и од Парлементот, но и од граѓанското општество во овој процес. Ќе го разгледаме начинот како да го вклучиме многу повеќе Парлементот во дијалогот во Брисел, со цел потоа одлуките кои ги донесуваме да бидат прифатливи и за пратениците и за граѓаните, изјави Мустафа за Гласот на Америка.
Тој го обвини Белград дека не се држи до дадените ветувања на разговорите да не го попречува евроинтегративниот процес на Приштина.
- Ги блокираат сите процеси за кои дадоа ветување дека нема да го чинат тоа, бидејќи со првиот договор Србија вети дека нема да го попречува Косово, но ни Косово Србија во европскиот интегративен процес, изјави Мустафа.
При тоа, тој како најсвеж пример го споменува зачленувањето на неговата земја во европската фудбалска асоциација УЕФА, кога Србија сторила се да го спречи тоа, но не успеала.
Ново на Сител
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР