Mуслимански духовник објави шокантно видео со упатство за тепање на сопруги (ВИДЕО)
Муслимански свештеник од Катар, земјата домаќин на светското фудбалско првенство во 2022 година, објави шокантно видео во кое ги советува мажите муслимани дека треба да ги тепаат сопругите.
Видеото го објави Абд ал-Азиз ал-Хазраџ, кој демонстрира како да „биде казнета” жена согласно исламскиот закон. Ал-Хазраџ го поставил видеото на каналот „Јутјуб“. За видеото тој го користел момчето Најеф, за да покаже на него како да се тепа „од љубов”, со што жената може да ја почувствува „силата на мажот”.
Свештеникот вели дека некои жени уживаат да се омажени за „жестоки и силни сопрузи”. Ал-Хазраџ сепак предупредува: Некои луѓе удираат по лице. Тоа не е дозволено “.
Во упатството тој вели: „Пророкот Мухамед. Види колку е милостив Исламот. Пророкот забранува да се удира по лице. Тој им забранува на мажите да ги тепаат своите жени по лицето. Плескање по лице, удирање во глава, кршење нос – сето тоа е забрането. Тепањето е за дисциплина “.
Ал-Хазраџ ја почнува лекцијата со времетраење од три и пол минути, како што вели, дека тепањето треба да биде лесно и безболно и тоа треба да ја натера сопругата да ја почувствува машкоста и силата на нејзиниот сопруг, како и сопствената женственост.
Ново на Сител
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло