Македонија
12. September 2016 - 16:22

Муслиманите слават Курбан Бајрам

Муслиманските верници празникот Курбан Бајрам го започнаа утринава со  намаз бајрам молитва во џамиите. Потоа се посетуваат гробовите на починатите,  а во своите домови се прави празничен ручек.  

Карактеристика за Курбан Бајрам е одењето на аџилак во Мека и Медина и колењето на курбан како принесување на жртва кон Бога.

Освен славењето со семејството и пријателите, традициите на празникот налагаат верниците да ги помогнат сиромашните.

Во суштината на Курбан Бајрам се и толеранцијата и помирувањето. Како пример за тоа Мустафаи го наведе случајот со две семејства од струшкото село Велешта кои во пресрет на празникот прекинале долгогодишна крвна одмазда.