Македонија
5. July 2016 - 16:04

Муслиманите го слават големиот празник Рамазан Бајрам

Во домот на семејството Кариман во Тетово денес се пречекуваа гости кои доаѓаа да го честитаат празникот Рамазан Бајрам.
 
По триесет дена пост, верниците од исламска религија денес си упатуваат желби за добро здравје и среќа. 
 
Карактеристика на пречекувањето гости е послужувањето со разни колачи. 
 
Седумдесет дена по Рамазан Бајрам, верниците ќе го одбележат и Курбан Бајрам.