Фудбал
16. February 2021 - 10:05

Мурињо прогласен за најдобар тренер на 21. век од страна на ИФФХС

Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (ИФФХС) на својата официјална веб-страница објави рејтинг на најдобрите тренери во светот во 21 век. Првото место го зазеде сегашниот тренер на Тотенхем, Жозе  Мурињо.

Педесет и осумгодишниот Мурињо, има две победи во Лигата на шампионите, со Порто сезона 2003/04 и со Интер во 2009/10, го има освоено Купот на УЕФА со Порто сезоната 2002/03, додека трофеј од Лига Европа има со Манчестер јунајтед во 2016/17.

Второто место во изборот на ИФФХС го зазеде селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев, додека третата позиција ја делат Алекс Фергусон (поранешниот предводник на Манчестер јунајтед) и Хосеп Гвардиола (сегашен тренер на Манчестер сити).

Меѓу првите десет тренери се и: Арсен Венгер, Карло Анчелоти, Висенте дел Боске, Диего Симеоне, Дидие Дешан, Марсело Биелса и Фабио Капело.