Мурињо прогласен за најдобар тренер на 21. век од страна на ИФФХС
Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (ИФФХС) на својата официјална веб-страница објави рејтинг на најдобрите тренери во светот во 21 век. Првото место го зазеде сегашниот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо.
Педесет и осумгодишниот Мурињо, има две победи во Лигата на шампионите, со Порто сезона 2003/04 и со Интер во 2009/10, го има освоено Купот на УЕФА со Порто сезоната 2002/03, додека трофеј од Лига Европа има со Манчестер јунајтед во 2016/17.
Второто место во изборот на ИФФХС го зазеде селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев, додека третата позиција ја делат Алекс Фергусон (поранешниот предводник на Манчестер јунајтед) и Хосеп Гвардиола (сегашен тренер на Манчестер сити).
Меѓу првите десет тренери се и: Арсен Венгер, Карло Анчелоти, Висенте дел Боске, Диего Симеоне, Дидие Дешан, Марсело Биелса и Фабио Капело.
Ново на Сител
-
Седници на две собраниски комисии
-
Во Њујорк прва средба Муцунски - Герапетритис
-
Претседателката на Собранието на Албанија во посета на Северна Македонија
-
Израелската армија соопшти дека спроведува „опсежни“ напади врз цели на Хезболах во Либан
-
Состојба на патиштата
-
Топло со ниски утрински температури, утре и задутре дожд
-
Две деца загинаа при уривање на двокатната зграда во Неапол
-
Обилните снежни врнежи го блокираа сообраќајот во Јужноафриканската Република, една жена почина