Фудбал
27. October 2015 - 10:47

Мурињо го чека нова казна

Лошите резултати на екипата на Челзи најверојатно се причина и за лошото однесување на нивниот менаџер Жозе Мурињо во текот на оваа сезона. Тој имаше нов испад и на последниот натпревар од Премиер лигата во саботата против Вест Хем, кој неговата екипа го загуби со 2:1.
 
Мурињо е обвинет дека за време на полувремето во делот од кај соблекувалните особено кај официјалните лица се однесувал непристојно кон судиите. По инцидентот беше исклучен и второто полувреме го следеше од трибините, а потоа и одби да се појави на прес конференцијата, која е задолжителна во Премиер лигата. Оваа сезона тој веќе еднаш беше казнет за коментирањето на судењето на дуелот против Саутемптон (8.коло).
 
Инаку, на дуелот со Вест Хем исклучен беше и неговиот помошник Силвио Лоуро и играчот Немања Матиќ (два жолти картона).
Шампионот Челзи доколку не успеаа да го врати шампионот Челзи во серија победнички резултати му се заканува и отказ.