-->
-->
Мурињо брка дури 13 фудбалери?!
-->

Жозе Мурињо подготвува чистка на „Олд Трафорд“, пренесуваат одделни англиски медиуми. Португалецот во летниот преоден рок ќе продаде 13 играчи на Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед, минатата сезона го освои петтото место во Премиерлигата, не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, а сезоната ја спаси со освојувањето на ФА купот. Сепак новиот менаџер Мурињо нема доверба во тимот, во кој изминатите две години се вложени повеќе од 200 милиони фунти.
Неколку англиски медиуми пишуваат дека Мурињо веќе ја подготвил листата за „отстрел“, на која се наоѓаат 13 имиња.
Наводно, Мурињо повеќе нема да смета на Хуан Мата, Андер Ерера, Мемфис Депај, Бастијан Швајнштајгер, Маруан Фелаини, Ешли Јанг, Гиљермо Варела, Маркос Рохо, Серхио Ромеро, Матео Дармијан, Антонио Валенсија и Лук Шо. На оваа листа се наоѓа и ветаранот Мајкл Керик, иако за него постои шанса да добие нов договор.
Од друга страна, Мурињо по секоја цена ќе се обиде да го задржи најдобриот играч на тимот во последните три години, голманот Давид Де Хеа.
Португалецот тимот ќе го засили со дефанзивецот на Виљареал Ерик Биали, а се шпекулира дека на „Олд Трафорд“ ќе пристигне и фудбалерот на Челзи, Немања Матиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
