Мун: „Жените за утеха“ е злосторство против човештвото
Претседатлот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска изјави дека „жените за утеха“, кои беа силувани и убивани од страна на јапонските војници за време на Втората светска војна е злосторство против човештвото, што предизвика протест во Јапонија.
Мун за време на обраќањето на церемонијата за одбележување на националниот Ден на корејскиот отпор кон јапонскиот окупатор истакна дека Јапонија не може да каже дека темата е затворена.
- Прашањето за злосторство против човештвото во време на војна не може да биде затворено само со еден збор, посочи Мун.
Официјално Токио изјавата на Мун ја оцени како „неприфатлива и за жалење“.
Јапонија и Јужна Кореја имаат тензични односи поради јапонската окупација од 1910 до 1945 година и за „жените за утеха“ односно жените, кои поголемиот број по потекло од Кореја, беа принудени да работаат во јапонските бордели за време на војната.
Јапонија се извини поради жените и вети 9,5 милиони долари помош во согласност со постигнатиот договор во 2015 година, но неодамна Јужна Кореја повторно отворање на прашањето за „жените за утеха“.
Ново на Сител
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло
-
Кривична против полицаец од скопски Аеродром - не извршил пасошка контрола на лице со мерка „апси“
-
Три лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар
-
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава