Мултимедијален проект на Михаела Јовановска со Вероника Камчевска во Њујорк
Во галеријата Ем Си во Њујорк, во сабота ќе се отвори уметнички проект на уметницата Михаела Јовановска во соработка со видео авторката Вероника Камчевска.
„1/2 Состојба“ е насловот на мултимедијалниот проект и ќе биде изложен до 30 овој месец.
!½ Состојба е мултимедијален проект поврзан со истражување на тема родовата нееднаквост и нејзините релации. Концептот објаснува емоција која се стреми кон нејзината форма да стане целина. Ова го прикажува надворешното влијание за нееднаквост што го моделира битието како крајно отсутно во идејата да се биде човек.
Михела Јовановска
Работи во Националната галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Таа е мултимедијален уметник со главен фокус на уметничка инсталација. Нејзините дела се изложувани на повеќе групни и пет самостојни изложби, локално и меѓународно, вклучувајќи ги и Gallery MC – Њујорк, Прима центар – Берлин, КИЦ – Софија, Галерија Лауба – Загреб, Миодраг Дадо Џуриќ – Цетиње, Мала станица, НГ – Скопје, Биенале на млади, МСУ – Скопје.
Поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот