Мултимедијален детски хепенинг во Кисела Вода
Мултимедијален хепенинг на отворен простор се одржа денеска во паркот „Македонија“ во општина Кисела Вода. Учесници на ова ликовно-музичко случување беа ученици од сите основни училишта во општина Кисела Вода, од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, од ПОУ „Златан Сремец“ и дечиња од „Дневен центар за деца од улица“ кој е во склоп на ЈДГ „Весели цветови“.
- Во организација на Секторот за образование предучилишно воспитување, култура и спорт, дечињата сликаа на штафелаите на слободна тема која им овозможи послободен пристап во ликовното изразување во комбинирана техника темпера со поликолор. Паралелно, учесниците на мултимедијалниот хепенинг настапуваа со музичко-ритмички точки, се вели во денешното соопштение од општина Кисела Вода.
Од општината посочуваат дека годинава по шести пат го организираат Мултимедијалниот хепенинг на отворен простор. Тој е дел од Програмата за култура, културни манифестации и творештво за 2016 година и има за цел да овозможи креативно и забавно дружење меѓу учениците.
Ново на Сител
-
Стабилна е состојбата на сите 15 повредени од Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија
-
Една недела од трагедијата во Кочани, критични пет пациенти, продолжува истрагата
-
Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за Вања и Панче
-
Калас во Израел: Страдањето мора да заврши во Појасот Газа
-
Парижани на референдум одлучија да добијат 500 нови пешачки улици
-
САД посредуваат во разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот
-
Четири лица повредени во сообраќајка во Кавадарци
-
Променливо облачно и потопло со повремен дожд