Мула Мансур ги повика талибанците на единство
Новиот лидер на авганистанските талибанци мула Ахтар Мансур денеска апелираше за единство на исламистичкото движење.
- Сите треба да работиме на зачувување на единството. Поделбите во нашите редови ќе биде само во корист на нашите непријатели, посочи мула Мансур во 30-минутната аудио порака.
Тој вети дека ќе го продолжи речиси 14-годишниот бунт на талибанското движење по смртта на долгогодишниот лидер мула Омар.
- Ќе ја искористам целата своја енергија да го следам мула Омар и неговара мисија, наведе мула Мансур.
Новиот лидер на талибанците се заколна и дека ќе продолжи да работи за воспоставување на шеријат, но го критикуваше убивањето на цивили.
- Убиствата на невини луѓе во името на џихадот не е исламско. Треба да ги освоиме срцата на луѓето, за потоа да можеме да владееме со нив, истакна мула Мансур.
Во аудио пораката мула Мансур зборува и за мировните преговори со авганистанската Влада, кои почнаа на почетокот на минатиот месец.
- Непријателот кажува дека се води мировен процес. Како што знаете, нашите непријатели прават голема пропаганда, истакна мула Мансур.
Мансур беше десна рака на мула Омар. Но талибанците не се едногласни дека тој треба да ги води. Некои од командантите за наследник на мула Омар го преферираа неговиот син, Јакуб, кој ја напуштил вчерашната средба во знак на на протест поради изборот на Мансур.
Ново на Сител
-
Токсикологија: Поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ...
-
ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан