Мукаетов: Со срце на терен до продолжување на успешните резултати
Претседателот на РФМ Живко Мукаетов во пресрет на утрешниот реванш против Чешка во рамките на баражот за СП 2017 има свое обраќање преку веб страница на РФМ.
Обраќањето на Мукаетов го пренесуваме во целост:
Драги репрезентативци, ракометни работници, почитувани претставници на медиумите и љубители на ракометот,
Нашите ракометни сениори на 15 јуни 2016г. во 20:00 часот ќе се соочат со уште еден тежок предизвик. Претстојниот натпревар помеѓу националните селекции на Македонија и Чешка за СП Франција 2017, е многу повеќе од квалификациски меч. Утрешниот натпревар за нас како Федерација претставува мост помеѓу македонската ракометна историја и иднината на нашиот национален ракометен дрес.
Токму затоа, на утрешниот натпревар апелирам до нашите момци да ги вложат макар и последните атоми од силите за да го одржиме континуитетот на големите натпреварувања. Да го дадеме најдоброто што го знаеме и умееме за непречен тек на приказната чии продолженија ги славиме секој јануари.
Да ги израдуваме нашите верни навивачи кои поминуваат илјадници километри во невозможни услови со цел да ги бодрат своите јунаци при големите подвизи и кои сум сигурен дека и на утрешниот натпревар ќе ни дадат максимална поддршка од трибините во ВИП Арената ,,Борис Трајковски”.
Драги репрезенативци и стручни ракометни соработници: просторот за оправдувања се стесни. Затоа, апелирам да се сфати сериозно секоја секунда од семафорот на утрешниот натпревар. Да се остави срце на терен, онака како што многу пати досега се случувало. Со сета сила да се брани македонскиот ракометен идентитет, затоа што тоа ú го должиме на целата нација!
За МАКЕДОНИЈА!
Ново на Сител
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово