Муижниекс: ЕУ мора да ја промени политиката кон бегалците
Европската политика кон бегалците е неодржлива и Европската Унија би требало брзо да ја промени, изјави комесарот за човекови права на Советот на Европе, Нилс Муижниекс.
Тој смета дека земјите членки на ЕУ треба да ги имаат предвид и семејните врски кога ги преместуваат барателите на азил и да го прилагодат системот за помошта која им се пружа.
Даблински прописи дозволуваат членките на ЕУ да ги вратат бегалците во првата безбедна земја во која влегле, а тоа се најчесто се Грција или Италија.
- Системот е неправеден кон земјите што се први на удар, посебно Грција и Италија. На нивниот грб се става се понеиздржлив товар и мислам дека тоа нема да може да функционира долгорочно, изјави Муижниекс пред новинарите при својата посета на Словенија.
Тој нагласи дека повеќето бегалци бараат азил во Германија или Шведска оти таму тие можат да добијат поголема помош и финансиска поддршка отколку во повеќето други држави од ЕУ.
- Потребно е да се прилагодат стандардите ширум Европа, заради интеграцијата на тие лица, рече Муижниекс.
Комесарот натаму укажа и дека Словенија би требало да направи повеќе, за мигрантите, но и припадниците на ромската етничка заедница и сите луѓе кои живеат во сиромаштија, со цел да се интегрираат во општеството.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата