Мухамед Зеќири доби казна затвор од две години и шест месеци
Казна затвор од две години и шест месеци доби поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, за злоупотреба на службената положба и овластување. Во казната затвор му се засметува и времето поминато во притвор и во куќен притвор.
Според пресудата која денеска ја објави судијката Фанка Јанчуловска Михаиловски, осомничениот Мухамед Зеќири извршил две временски поврзани дејствија преку кои како службено лице презел дејствие со намера за друг да прибави имотна корист.
Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.
Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловскa, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
