Мухамед Зекири: Двојазичноста која ја ветува Заев не е трик, СДСМ доби 70 илјади албански гласови
Членот на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири вели дека двојазичноста која ја ветува опозицискиот лидер Зоран Заев не е трик за привлекување на гласовите на Албанците.
Во интервјуто за Anadolu Agency коментирајќи ги предизборните ветувања на претседателот на СДСМ Зоран Заев како што е употребата на албанскиот јазик, Зекири вели дека е убеден дека тие не се трик за привлекување на гласовите и дека тој ќе биде силен глас на Албанците во СДСМ.
“Во моментот кога ќе забележам ретерирање ќе зборувам јавно и нема да молчам, бидејќи не му должам никому. Нема да дозволам целта за која се ангажирав во овој политички субјект да биде злоупотребена, да ме злоупотребуваат мене или гласачите што гласале за него”, вели Зекири во интервјуто.
СДСМ на овие избори поразот во македонските средини го компензираше со победа во некои етнички чисти албански села, но и доби гласови во други области со доминантно албанско население. Мухамед Зекири вели дека врз основа на нивната анализа, бројот на Албанци што гласале за СДСМ се движи меѓу 50 и 70 илјади, колку што беа и проценките на аналитичарите.
Функционерот на СДСМ во интервјуто додава дека Албанците повеќе си ја сакале Македонија од самите Македонците.
-Ако не беа Албанците и нивните гласови, ова немаше да се случи. Албанците беа сензибилизирани и на најдемократски начин со своите гласови ја спасија Македонија и посведочија со нивните гласови дека ја сакаат оваа земја повеќе од самите Македонци, рече Зекири.
Аналитичарите коментираа дека околу 70 илјади албански гласови отишле на контото на СДСМ, што претставува преседан на македонската политичка сцена.
Според нив, познати се голем број донатори што допреле до албанските гласачи, а неофицијално големи финансиски средства биле делени по џамиите.
Ново на Сител
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари