Македонија
3. November 2016 - 8:45

„Мудрословија“, нова книга од Стојан Тарапуза

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Мудрословија“ од Стојан Тарапуза. Издавач на делото е издавачката куќа „Панили“ од Скопје.

За најновото дело на македонскиот поет и писател за деца беседа ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска, а извадоци од книгата ќе интерпретира Антонио Павловски.

Стојан Тарапуза (Злетово, 1933) е водечко име во современата македонска литература за деца и младинци. Автор е на триесетина стихозбирки, високо вреднувани од страна на критиката и од бројните читатели.

Добитник е на повеќе книжевни награди во Македонија и во странство. Негови дела се преведени на албански, српски, словенечки, бугарски, турски, руски, украински, словачки, полски и на други јазици.