Муцунски учествуваше на 15. сесија на Комитетот на експерти за јавна администрација во Њујорк
Македонскиот заменик министер за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски учествуваше на 15-тата сесија на Комитетот на експерти за јавна администрација при Економскиот и социјален совет на Обединетите нации, што се одржа во изминатите четири дена во Њујорк.
Како што соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација, учесниците на средбите меѓу другото дискутирале за идниот развој на современите јавни администрации и како тие треба да бидат креатори на продуктивни политики во интерес на граѓаните. Се дебатирало и за подобрување на ангажманот и комуникацијата меѓу владите и засегнатите страни, за отворена влада и електронски и мобилни решенија, како и за зајакнување на довербата на граѓаните во ефикасноста, веродостојноста и интегритетот на јавната администрација.
- Муцунски во својата дискусија ја афирмираше заложбата на Владата на Република Македонија за постојано унапредување на условите во јавниот сектор, како за вработените така и за граѓаните кои се приматели на услуги. Притоа заменик министерот ја нагласи важноста од имплементацијата на новите системски закони од оваа сфера, кои се донесени во консултација со Европската унија и други меѓународни експерти, се вели во соопштението од МИОА.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност