Муцунски - Шохеј Хара: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава

Во рамки на работната посета на Јапонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Шохеј Хара, заменик-претседател на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), надлежен за соработка со Европа.
Како дел од владината делегација на средбата присуствувале и министерот за култура Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев.
Во фокусот на разговорите, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, биле важни и клучни прашања за понатамошната соработка, во делот на развојната и техничка помош која Јапонската Влада во континуитет ја дава на Република Северна Македонија преку финансирање на проекти и програми во разни области.
Министерот Муцунски истакнал дека Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава, со вкупна помош која надминува 430 милиони евра.
Тој изразил искрена благодарност за долгогодишната поддршка и партнерство, нагласувајќи дека Јапонија оставила траен позитивен белег во институционалниот, економскиот и општествениот развој на државата.
Ново на Сител
-

ДЗР: Скринингот не е ефикасен - многу пациентки доцна дознаваат дека имаат рак
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
