Муцунски се сретна со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Сарацин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретна со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин.
На средбата, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше дискутирано за евроинтегративните процеси на нашата држава, актуелните внатрешно-политички случувања и постигнувањата во реформските области. Посебно внимание беше посветено на очекувањата од новото раководство на европските институции и нивната улога во засилување на политиката на проширување на Европската Унија во претстојниот период.
Министерот Муцунски изразил благодарност за личниот ангажман на специјалниот претставник Сарацин во динамизирањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан. Тој исто така ја нагласил континуираната и силна поддршка на Германија за европската иднина на државата и на земјите од регионот, посебно преку активностите во рамките на Берлинскиот процес.
Ново на Сител
-

Две лица пренесени во болница по сообраќајка кај скопската обиколница
-

Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален БДП по глава на жител од 10 500 долари
-

Апел за донации: Потребна е помош за лекувањето на малата Милена
-

Еден загинат при уривање на дел од магацин во пристаништето во Антверпен
-

Приоритетни области за инвестиции во здравството презентирани на средба на Алиу со претставници на Светска банка
-

Пораст на заболените од грип во државава
-

Починат 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино по кого се трагаше од јануари годинава
-

Секој трети граѓанин во земјава дал мито за да му се заврши некоја работа, покажуваат податоците на МЦСМ
