Муцунски на средба со македонската дијаспора во Швајцарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија тимчо муцунски, кој престојува во неколкудневна работна посета на швајцарија, синоќа во женева имаше средба со претставници на македонската дијаспора.
Шефот на дипломатијата за време на престојот во швајцарија, ќе учествува и ќе се обрати на самитот на млади лидери, во организација на светскиот економски форум, а треба да го отвори почесниот конзулат во женева
-Посебна чест ми беше, на првиот ден од работната посета на Женева, заедно со бројната македонска дијаспора, да го одбележиме Денот на независноста – 8 Септември. Во обраќањето го нагласив значењето на македонската дијаспора како мост помеѓу двете земји – поттикнувач на поблиски културни и економски врски, но и како чувар на идентитетот и вредностите на нашата земја. Изразив благодарност за сите иницијативи, проекти и активности што произлегуваат од македонската заедница во Швајцарија и ја потврдив решеноста на Владата, институционално и преку конкретни мерки, да ја унапреди врската со Македонците ширум светот, објави Муцунски на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
