Муцунски ја поздрави одлуката на САД за намалување на тарифите за македонските производи
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево преку социјалните мрежи ја поздрави одлуката на Соединетите Американски Држави за значително намалување на тарифите за македонски производи – од 33 на 15 проценти.
Како што истакна во објавата, „овој чекор претставува важен поттик за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и јасен сигнал за градење поамбициозно трговско партнерство“.
Министерот Муцунски, исто така, посочи дека иако преговорите за сеопфатен договор за тарифна либерализација сè уште се во тек, „оваа одлука е конкретен доказ за заедничката посветеност на отворање нови можности за нашите извозници, компании и економијата во целина“.
-Остануваме целосно посветени на финализирање договор што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери и ќе создаде долгорочни придобивки за двете економии. Убеден сум дека со ова се поставуваат темелите за ново поглавје во македонско-американските економски односи, порача Муцунски.
МИА
Ново на Сител
-
Без струја дел од корисниците под обиколницата во Визбего
-
Петмина новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад врз Газа
-
Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе
-
Отпочнуваат градежните работи на обиколницата Крива Паланка, воведен времен режим на сообраќај
-
Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција
-
Сончево и многу топло време цела седмица
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас