Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на средба со неговата бугарска колешка Велислава Петрова ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори, информира македонското Министерство за надворешни работи по средбата на двајцата министри што се одржа на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска.
На средбата, соопшти МНР НТ, посебен акцент беше ставен на значењето на Коридор VIII и потребата од забрзување на активностите поврзани со отворањето на граничниот премин „Клепало“, како важен дел од регионалната инфраструктурна и економска поврзаност.
- Министерот Муцунски го отвори и прашањето за почитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија, нагласувајќи ја потребата од доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
