Муалем: Во Сирија нема руски борбени единици
Сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем изјави дека неговата земја ќе побара руски војници да се борат заедно со сириските доколку се покаже потреба за тоа, но демантираше дека сега во Сирија да има руски борбени единици, пренесоа британските медиуми.
-Не се водат заеднички борби во кои учествуваат и руски војници, но доколку решиме дека има потреба од такво нешто, ние ќе го проучиме и ова прашање и ќе упатиме барање, изјави тој за сириската државна телевизија.
Муалем денеска во Дамаск разговараше со специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Стафан де Мистура, информира агенцијата САНА, цитирана од ТАСС.
-Дамаск ќе се запознае со идеите за надминување на кризата, предложени од пратеникот на ОН, за да се постави во однос на неговата мировна иницијатива, рече сирискиот шеф на дипломатијата.
Тој посочи дека за сириското раководство е важно да продолжат консултациите со Де Мистура.
Пратеникот на ОН предвидува создавање работни групи за подготовка на меѓународната конференција Женева-3.
Дамаск треба да даде списокот со свои учесници, кои ќе преговараат со претставниците на трите опозициски групи - Националната коалиција на опозициски и револуционерни сили, со седиште во Истанбул, групата „Каирска конференција“ и делегацијата на внатрешната опозиција.
Експертите својата работа во Женева ќе ја почнат на почетокот на октомври.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!
-
BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија