Муалем: Примирјето во Сирија се уште може да се применува

Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Муалем денеска изјави дека постигнатиот договор меѓу Русија и САД за прекин на огнот се уште е применлив, нагласувајќи дека властите во Дамаск се подготвени да учествува во влада на национално единство.
Тој во телевизиско интервју ги обвини САД, Велика Британија и Франција дека вчера побарале средба на Советот за безбедност на ОН, со цел да ги поддржат терористите во Сирија.
Сепак, според него, натамошните разговори меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров покажуваат дека договореното примирје пред две недели се уште не доживеало целосен неуспех.
Пред една недела сириската армија соопшти дека примирјето не е прекинато.
Муалем потсети дека сириската Влада предложила патоказ за прекин на војната во земјата.
Според него, режимот во Дамаск ќе го поддржи одржувањето на референдум за нов устав, проследен со парламентарни избори и формирање влада на национално единство.
Сирискиот министер ги отфрли како неосновани обвиненијата на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун дека сириската Влада користи забранети видови на оружје.
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
