Македонија
6. December 2015 - 12:27

Му тропнале на врата па го претепале: Скопјанец заврши во Градска болница

Вчера во Скопје околу 13,30 часот на ул.„Кадињача“ А.М(53), М.М(44) и уште неколку засега непознати лица дошле до куќата сопственост на Р.З.(48), затропале на вратата и откако истиот ја отворил започнале 

вербална расправија, а потоа и физички го нападнале со тврд предмет по што го напуштиле местото на настанот. 

Истиот се здобил со телесни повреди и бил префрлен во ГОБ„8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Се работи на целосно расчистување на случајот.