Му спремивме алишта и оџата го земавме со нас – Отишле да го земат мртов од болница, а...
Што би се случило кога од болницата ќе ви јават дека починал ваш член на семејствотo, а кога вие ќе отидете таму, ќе го затекнете како смирен седи на кревет и ве прашува како сте… На тоа прашање одговор имаат најблиските роднини на Синан Мешкиќ, кои по најтажната вест за неговата наводна смрт, тргнале во болницата за да го земат телото и да се спремат за погреб, пишува сараевски Дневни Аваз.
Сцената се случила во болницата Тешањ во централна Босна каде Синан се лечел од болест на црниот дроб. Неговата ќерка, Алдијана добила телефонски повик од болницата.
– Кога ми рекоа дека умрел, целиот свет ми се сруши во една секунда. Тој е мојот татко, раскжала таа за весникот.
Веднаш откако ја примила веста, со семејството собрале се што е потребно, тргнале да извадат документ за смррта и се упатиле кон болницата заедно со оџа за да го земат телото и да се подготват за погреб според исламските обичаи.
Но кога зетот на Синан, Харис, стигнал во болницата, го здогледал својот дедо како седи на еден од креветите.
– Нозе ми се пресекоа, изјавил Харис кој додал дека прво со неверување гледал во човекот за кој јавиле дека е мртов. Синан го погледал затот во очи и го прашал – Добар ли си?
Вистинската драма следела откако Харис им се јавил на неговата сопруга и свекрва за да им пренесе дена Синан е жив. На жените тогаш им се слошило и велат дека се почувствувале како некој да си игра со нив.
Семејството најавило дека ќе поднесе тужба и велат дека од болницата се уште никој не им се извинил.
– Жив човек да погребуваме…нека им е срам, изјавила ќерката Алдијана.
Диракторот на болницата пак, Рифат Сејдиновиќ изјавил дека настанала грешка при внесувањето на телефонските броеви на два различни пациенти во системот.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес