Му експлодирала електронска цигара и му нанела тешки повреди на лицето!
Момче од Келн (20) било тешко повредено откако му експлодирала електронската цигара. Тој се здобил со исеченици и изгореници и изгубил неколку заби. Момчето пред експлозијата купило нови резервни делови за цигарата помеѓу кои била и новата батерија. А потоа уште при првата употреба цигарата експлодирала. Сето тоа се случило минатата сабота.
Случаевите за експлозија на електронска цигара се познати и од претходно во САД. Слични повреди претрпел и маж од Флорида пред четири години. Тогаш експлозијата била предизвикана од батеријата која предизвикала и пожар во домот на жртвата. Слично нешто било забележано и во Канада, каде експлозијата на е-цигара тешко повредила еден маж. Повредите на лицето тој ги споделил и на друштвената мрежа Twitter.
Е-цигарите се забранети во Канада, Австралија и во некои американски држави. Неодамна е забранета и нивната употреба во градскиот превоз како и воопшто во превозните сретства во Хановер. Е-цигарите како такви овозможуваат да се употребуваат и во делот за непушачи, но очигледно е дека за многумина тоа е и понатаму неприфатливо.
Ново на Сител
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски