-->
-->
Му барале пари: Малолетник нападнат, па расечен со нож
-->

На 25.08.2018 година во 01:30 часот во Полициска станица Центар, Џ.Б.(57) од село Црн Врв, скопско, пријавил дека на 24.08.2018 година околу 21:10 часот на улица „Филип II Македонски“, поточно во парк „Жена борец“, додека неговиот 17 годишен син се движел пеш, неколку лица му побарале пари.
Откако истиот не им дал, физички го нападнале, при што едно од лицата со нож му нанел расекотини, а потоа го напуштиле местото на настанот.
Момчето се упатило во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

150 македонски државјани се вратија од Дубаи
-

Тема на денот со Назим Рашиди, новинар
-

„Нема да не снема“: Осмомартовски марш против насилството врз жените
-

Над 270 инспекции на бензинските пумпи – Привремен недостиг на гориво на дваесетина станици
-

150 македонски државјани се враќаат вечерва од Дубаи
-

Во Техеран заврна токсичен дожд кој предизвикува изгореници откако беа бомбардирани нафтени постројки
-

Кој ги лаже граѓаните на тема мигранти – Власта и опозицијата си разменија обвинувања
-

Кочанско поле повторно во пламен
