МТСП:Работодавачите имаат обврска да ги заштитат работниците од високите температури
Министерството за труд и социјална политика ги потсетува работодавачите дека имаат обврска да ги почитуваат препораките за заштита на работниците, поради претстојните најавени високи температири утре и во сабота.
- Со оглед на тоа што за петок (30.6.2017 година) и сабота (1.7.2017 година) се прогнозира портокалова фаза, ве информираме за препораките на Министерството за здравство: Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз населението во Република Македонија, а со цел заштита на здравјето на луѓето, препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, се вели во соопштението од СДСМ.
На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Министерството за здравство, исто така, препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено, како што се вели во соопштението од МТСП, се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.
Ново на Сител
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница