МТСП: Спасов не даде одговор на ниту едно клучно прашање
Министерството за труд и социјална политика денеска уште еднаш побара одговорност и повлекување од функцијата на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов и одговори на прашањата кои останале неодговорени и по неговото денешно интервју.
Во соопштението од Кабинетот на министерката за труд и социјална политика се бара тој да одговори зошто неовластено управувал возила на АВРМ за приватни цели и покрај задолжените возила на МТСП, зошто поттикнал друго лице лажно да преземе одговорност за инцидентите, зошто и тој и директорот на Агенцијата за вработување се повикуваат на непостоечки документ - договор за некаква техничка соработка.
- Диме Спасов со денешното интервју потврди дека сака да се штити само себе си. Тој не е достоен да ја извршува функцијата дополнителен заменик министер за труд и социјалана политика и мора веднаш да поднесе оставка и да одговара за стореното дело, се вели во соопштението.
Во него се додава дека јавноста и граѓаните на Република Македонија очекуваат одговорност за постапките на функционери како Диме Спасов.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Скопска Црна Гора, сомнежите се дека е подметнат
-
Оспореното упатство на ДИК за независните кандидатури пред Уставен
-
Во понеделник пресуда за онкологот Мери Пешевска која призна вина за несовесно лекување пациенти
-
СДСМ бара оставка од министерката за образование поради недостатокот на учебници
-
Ноќеска тишина го обви Штип - „Ѕвездено небо“ за загинатите во Кочани
-
Збогум Буково - Приоритет заштита на животната средина
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто се скапи земјоделските производи? Кој заработува на грбот на земјоделецот?