МТСП: Почна исплатата на финансиска поддршка за ранливи категории граѓани
Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.
Поддршката се однесува на: корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надомест поради попреченост, корисниците на надомест за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надомест за помош и нега од друго лице, а не користат право на надомест поради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
-Денеска се исплаќа и финансиската поддршка за невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Финансиската поддршка за овие корисници изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци и го исплаќа Агенцијата за вработување на Северна Македонија, информира МТСП.
Преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, пак, се исплаќа финансиска поддршка за пензионери чија пензија е до 14.000 денари: за тие со пензија до 11.525 денари им се исплаќа 1.500 денари месечно финансиска поддршка, за период од четири месеци, а за пензиноери кои примаат од 11.526 до 14.000 денари пензија, поддршката изнесува 750 денари месечно, за период од четири месеци.
-За корисниците на правото на надомест за телесно оштетување, поддршката изнесува 750 денари месечно за четири месеци, соопшти Министерството.
Ново на Сител
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%
-
Безбедносната зона околу Собрание нема да значи забрана за протести
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
Марта Кос се понуди да ги олеснува разговорите меѓу Скопје и Софија
-
Инспекторите за јазици бараат плата, но не и да говорат на македонски – можно решение по гласање на законот