МТСП од јавноста ќе бара мислење за двосменско работење на градинките
На денешната 23-та седница на Владата разгледана е Информација за воведување втора смена во градинките во Македонија. Владата го задолжила Министерството за труд и социјална политика да ја информира јавноста за овој предлог и да побара мислење од сите засегнати страни за потребата од двосменско работење на градинките.
На седницата, како што информира владината прес-служба, се дискутирала и Информацијата за текот и прогресот за отворање на центрите за ран детски развој во соработка со УНИЦЕФ во Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика е задолжено на секои шест месеци да ја информира Владата за прогресот на активностите за: формирани центри за ран детски развој, број на деца кои ќе се опфатат во центрите за ран детски развој и број на воспитувачи кои ќе бидат вработени во центрите за ран детски развој, доколку избраните општини имаат доволно средства во сопствениот буџет за покривање на трошоците за функционирањето на центрите за ран детски развој.
Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за прогрес на проектот „Отворање народни кујни“ за периодот јануари-јуни 2017, со која се задолжуваат неколку општини од земјава да обезбедат услови, простории за делење храна и транспорт за дистрибуција на храна, во рамките на овој проект. Тие треба и да го известат Министерството до однапред утврден временски рок.
- Исто така се задолжи Министерството за труд и социјална политика да направи анализа на ефектот од функционирање на народните кујни и во рок од 30 дена до Владата на Република Македонија да предложи модели за подобрување на функционирањето на Проектот народни кујни, наведува владината прес-служба.
На седницата министрите дискутирале и за Информацијата во врска со реализацијата на проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во градот Скопје“ и се разгледувале можности и финансиски аспекти на можни варијанти за започнување со проектот со кој главниот град Скопје ќе добие прочистителна станица.
По дискусијата за оваа точка на дневен ред, Владата ги задолжила министерствата за финансии и за животна средина и Град Скопје, во одредена временска рамка да изготват предлог за изнаоѓање финансиски механизми кои би довеле до конечно отпочнување на изградба на овој проект.
Владата денеска ја прифатила и донела и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во вежбовната активност „Wigorious Warrior” во Унгарија и Предлог-одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во вежбовната активност „Joint Cooperation” во Сојузна Република Германија.
Ново на Сител
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
-
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор
-
Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички
-
Полицајци со калашникови во прилепската болница откако две групи се обиделе да се пресметаат | ВИДЕО